На инстаграм-профилот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес беше потврдено дека тој е во затвор во градот Покров во Владимирската Област.
Овој затвор се наоѓа на 190 километри североисточно од Москва и е познат по неговиот строг режим.
Точната локација на Навални не беше позната откако неговиот правен тим минатата недела објави дека бил преместен од затворот во Колчугино и оти не им било кажано каде е однесен, пренесе „Ројтерс“.
Адвокатката на Навални, Олга Михаилова, за ТАСС изјави дека Навални се наоѓа во поправниот дом ИК-2 во Покров, каде што бил пренесен на издржување на казната
Под фотографијата објавена на Инстаграм, Навални напиша: „Поздрав до сите од секторот за засилена контрола А. Морам да признаам дека рускиот затворски систем ме изненади. Немав идеја дека е можно да се уреди вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва“, напиша Навални.