Двајца биснисмени од јужна Флорида, кои му помогнале на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, во истрага за поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и кои биле донатори на комитетот на Трамп за собирање финансиски средства за кампања, се уапсени денеска под обвинение за прекршување на правилата за финансирање на кампања, пишува „Волстрит џрнал“.
Според наведеното, тие донирале 325.000 долари на Одборот за политичка акција, што го поддржува реизборот на Трамп.
Лев Парнас и Игор Фруман се уапсени врз основа на четири точки од обвинение што вклучува обвинувања за ковање заговор, давање лажни изјави пред Сојузната изборна комисија и фалсификување на евиденција, пренесуваат американските медиуми.
Податоците покажуваат дека двајцата користеле електронски трансфери на правно лице, што тие го контролирале за да дадат донација од 325.000 долари во Сојузната изборна комисија.
Според обезбедените податоци што станале јавни во рамки на поднесеното обвинение, правното лице за кое било пријавено дека ја направило трансакцијата всушност не било вистинскиот извор на парите.