Поткарпатското Војводство е вклучено во развојната соработка меѓу државите од „Источното партнерство“ во изминатите неколку години, што се одрази врз имплементацијата на заедничките проекти со украинскиот партнер (уште од 2016 година), под покровителство на Полската помош за развој објавена од страна на Министерството за надворешни работи на Полска.
Целта на преземените акции е зголемување на нивото на безбедност преку подигање на оперативниот капацитет на итните служби во Украина, особено во планинските предели. Панелот ја сумираше повеќегодишната соработка до денес, како и приликата за почнување на дискусии за нови правци на соработка, а исто така пружи и поглед врз повеќеаспектната важност на развојната соработка во „Источното партнерство“, не само од перспектива на корисниците, туку и на ентитетите што им пружаат помош на партнерите од Украина.
Оваа област е од особена важност за двете држави кои работат на подобрување на итните и службите за спасување на врвно ниво. Партнерите организираат тренинг со сценарија за идни случаи, како и специјален тренинг за планинско спасување, со добра опременост.
Противпожарната служба од Украина е учесник од 2016 година, откога учествува на тренинзи за планинско спасување и спасување од вода, кои опфаќаат интензивна соработка помеѓу полските и украински пожарникари.
Соработката функционира добро бидејќи двете страни се меѓусебно потребни една на друга, па вреди проектот да продолжи и во иднина, заклучуваат учесниците на панелот во рамки на форумот Европа – Украина, одржан неделава во Жежов, Полска.