Европската унија (ЕУ) ќе мора да донесе „тешки одлуки“ во врска со Турција, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
На крајот на август Борел и се закани на Турција со нови санкции доколку нема напредок во дијалогот со Грција за решавање на кризата во Средоземното Море.
Атина и Никозија ја осудуваат Турција што бара наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара наведува дека на ресурсите во тие води ги има истите права како и тие.
Борел им порача на членовите на Европскиот парламент дека затоа дојде време лидерите да донесат тешки одлуки на самитот на 24 и 25 септември.
Тој додаде дека сè уште не постои договор за воведување санкции против Турција.
Одлуката за санкции против трета земја бара едногласна поддршка од членките на Унијата.