Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да го смени даночниот систем.
– Поради демонстрации, затворена е изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи – соопштија од „Лувр“.
Меѓу демонстрантите, кои одговорија на повикот од повеќе синдикати, имало и вработени во музејот.
Демонстрантите извикувале „Мона Лиза штрајкува“, „Леонардо штрајкува“.
„Лувр“ секојдневно го посетуваат речиси 30.000 луѓе, а ова е првпат од 5 декември, кога почнаа протестите, музејот да биде затворен.
Демонстрациите го нарушија работењето на јавниот превоз, училиштата, болниците, судовите, па дури и на Ајфеловата кула.