Русија очекува Иран наскоро да одобри барање за конзуларна помош на притворената руска новинарка Јулија Јужик, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
– Баравме конзуларен пристап и претпоставуваме дека ќе биде одобрен наскоро – рече Захарова.
Министерството за надворешни работи на Русија е во контакт со семејството на притворената Јужик, додека конзулот во Техеран е во контакт со нејзината мајка, пренесува ТАСС.
– Иранскиот амбасадор во Москва беше повикан и нашиот заменик министер разговараше со него. Добивме уверувања од иранската страна дека прашањето ќе биде решено во блиска иднина – рече Захарова.
Руската новинарка Јулија Јужик беше уапсена на 2 октомври во хотел во Техеран, каде што престојуваше.