Набргу по завршувањето на наставата, во понеделникот се случи убиство во близина на средното училиште „Океансајд“ во Њујорк.
Група тинејџери го нападнале и претепале 16-годишниот Касен Морис.
Еден од напаѓачите го пробол со нож во градите.
Морис починал во болница од добиените повреди, а напаѓачот што го прободел е уапсен. Станува збор за 18-годишниот Тајлер Флеш. Според полицијата, тој го убил Морис од љубомора затоа што се сомневал дека се обидува да му ја преземе девојката.
Полицијата соопшти дека најмалку 50 тинејџери биле на местото на настанот. Никој не се ни обидел да му помогне на момчето. Наместо тоа, тие снимале сè.