Десетици илјади луѓе денеска протестираат на улиците на Хонг Конг против контроверзниот закон за екстрадиција, кој би овозможил осомничените да бидат испратени во Кина за таму да им се суди.
Според „Ројтерс“, полицијата се подготвува за најголемиот собир во градот во последните 15 години, а полициските службеници повикуваат на воздржаност.
Повеќе од 2.000 полицајци се ангажирани да го следат протестот на кој организаторите очекуваат над половина милион луѓе.
Така, овој протест има изгледи да стане најголемиот протест во Хонг Конг од 2003 година наваму, кога сличен број на луѓе се собраа во знак на протест против плановите на Владата за зајакнување на законите за национална безбедност, кои подоцна беа отфрлени.
Демонстрантите извикуваат „Без екстрадиција во Кина, без лош закон“ и го повикаа претседателот на владата, Кери Лам, да поднесе оставка.
Тој одби да се повлече и изјави дека законот предвидува заштита и дека со него ќе се пополнат досегашните правни дупки.
Измената на законот треба да ја поедностави постапката за секој поединечен случај за одобрување на екстрадиција за барани осомничени во други земји, вклучувајќи ги и матичната Кина, Макао и Тајван, покрај 20-те земји со кои Хонг Конг веќе има потпишано договор за екстрадиција.
Инаку, Хонг Конг е поранешна британска колонија и специјален кинески административен регион, со автономна територија.