Избивањето на ковид-19 во фабрика за месо ги менува плановите на Ангела Меркел за нејзин наследник
Дали германската политика ќе биде променета во кланица? Зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19 во фабрика за преработка на месо во покраината Северна Рајна-Вестфалија го привлече вниманието на медиумите поради сознанијата за опстојувањето на вирусот во индустриските објекти. Во меѓународни рамки, помалку забележано помина влијанието врз политиката, пишува Фајненшл тајмс“.
Избивањето на заразата во кланицата „Тенис“ додаде кон критиките за справувањето на премиерот на сојузната држава со кризата. Армин Лашет, лидерот на најнаселената германска сојузна држава се соочуваше со обвинувања за давање приоритет на економијата во однос на здравјето, со пропагирање на брз излез од карантинот. Причината поради која ситуацијата има важност и надвор од покраината, е тоа што Лашет се надева дека ќе ја наследи Ангела Меркел на функцијата германски канцелар.
До избивањето на ковид-19 неговиот спој на меркеловски центризам со искуството од предводењето на државата со население од 17 милиони, го направи водечки фаворит да стане следен лидер на христијанските демократи.
Вирусот внесе хаос во таквите калкулации. Меркел забележа пораст на рејтингот, а корист имаше и Маркус Зедер, премиерот на Баварија. Неговото одлучно справување со кризата му донесе популарност, не само во неговата неговата сојузна држава или членовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), туку и низ целата нација.
Ова е неверојатен развој на настаните кој означува значителна промена на перцепциите за Зедер, од жесток десничар подготвен да ги прифати популистичките позиции во борбата за власт, во компетентен, отворен прагматичар кој се грижи за животната средина.
Неговата популарност го отвори прашањето за тоа кој е најдобар за да биде наследник на Меркел. Партијата се обидува да обезбеди петти последователен мандат во федералните избори предвидени за наредната година.
Ако Зедер се пресели во Берлин тоа ќе биде историски настан бидејќи тој е од Баварија. Едно од непишаните правила на германската политика е дека цената за регионалната исклучителност на Баварија е лимитот на националните амбиции. Нарекувајќи се „слободната држава“ со сопствена политичка партија и негување на дистинктивната историја и на локалните традиции, поткрепувајќи одредена полуодвоеност од остатокот од дражвата, не претставуваат начин за стекнување на пријатели.
На секои две децении, Баварците добиваат прилика за водечката функција со заедничка кандидатура и не успеваат. Според тоа, Христијанско социјалната унија (ЦСУ) би можа да има нов обид за освојување на канцларската функција. За тоа да се случи потребно е да се согласи ЦДУ, што не се чини веројатно. Но, не би било невозможно. Во нормални околности ова би бил исклучителен спој на околности. Но како што веќе покажа коронавирусот, вообичаените правила веќе не важат.