Нема алтернативно решение за иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини. Тоа е нејзин одговор на денешната изјава на државниот секретар на САД Мајк Помпео кој објави услови за нов договор со Техеран.
– Говорот на Помпео со ништо не покажува како повлекувањето од иранскиот нуклеарен договор направило или ќе го направи регионот побезбеден од заканата од нуклеарно ширење или како би не поставило во подобра позиција да влијаеме на однесувањето на Иран во области вон опфатот на тој договор – изјави таа.
– Нема алтернативно решение за иранскиот нуклеарен договор – нагласи Могерини.
Таа ја повика меѓународната заедница да ги нормализира трговските односи со Иран.