Заштитата на слободата на мисла, свесност и религија е должност на ЕУ и нејзините земји-членки, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија.
– Прогонот врз основа на верска определба директно се коси со меѓународното право, а ние мора да се бориме против тоа со здружени сили – изјави Федерика Могерини.
Могерини додаде дека ЕУ отсекогаш била главен промотор и заштитник на верската слобода.
– Легислативата на ЕУ ги обврзува земјите-членки да ги казнуваат јавните повици за насилство и омраза врз одредена група или поединци од група врз основа на религија или верска определба. Маргинализирањето и издвојувањето на поединци кои припаѓаат на верски малцинства може да претставува знак за предупредување за многу посериозен прогон, како и показател дека треба да се преземат остри мерки во однос на целото општество – изјави Могерини.
Некои од земјите-членки на ЕУ, како на пример, Грција, честопати трпат критики поради крешње на правата на малцинствата во нивните граници, а некои случаи се косат и со законите на Европскиот суд за човекови права.