Властите во Тајланд се обидуваат да спасат дванаесет млади фудбалери и нивни тренер, кои веќе три дена се блокирани во поплавена пештера во северниот дел на земјата.
Момчињата на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен тренер влегле во пештерата Тхам Луанг-Кхун Нам Нанг Нон во саботата попладне после тренинг натпревар и оттогаш нивната судбина е непозната.
Властите презедоа една од најголемите спасувачки операции во историјата на Тајланд за да ги пронајдат. Тоа вклучува нуркачи од воено-поморските сили и се користи специјализирана опрема, вклучувајќи и роботи за вода и беспилотни летала. Напорите, сепак, се попречени од зголемувањето на нивото на водата и силните струи.
Се претпоставува дека момчињата и нивниот тренер се уште се живи и дека влегле внатре во пештерата, за да се засолнат од поплавите. Во неа се откриени отпечатоци од стопала и раце, што се толкува како охрабрувачки знак.
Властите се надеваат дека во пештерата, која е долга над 10 километри, се уште има безбедни места. Тие наведуваат дека порано од пештерата биле спасувани туристи по повлекувањето на водата.
Воп Тајланд од јуни до октомври е сезона на дождови и обично во тој период се поплавуваат пештерите.