Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претстави план за подобрување на распоредот за седење и за еднакво право на говор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен за време на меѓународните посети, во светло на инцидентот познат како „софагејт“.
За време на неговата прва средба со фон дер Лејен по инцидентот од минатата недела, на приемот кај турскиот претседател Таип Ердоган, Мишел повикал на заедничко разбирање во однос на билатералните самити на кои учествуваат двајцата претседатели, пренесува весникот „Политико“, кој имал увид во документот презентиран од Мишел.