Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се состанаа за првпат од минатонеделниот протоколарен инцидент во Анкара.
Фон дер Лејен и Мишел одржуваат редовни состаноци еднаш неделно. Најновата средба привлече посебно внимание поради инцидентот што се случи во Анкара минатиот вторник.
За потсетување, тогаш турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги прими Фон дер Лајен и Мишел, а на состанокот Мишел доби место веднаш до Ердоган, додека Фон дер Лајен мораше да седи на блискиот кауч од страна. Мишел воопшто не реагираше. Медиумите инцидентот го нарекоа „Софагејт“.
За најновата средба портпарол на Комисијата рече дека тоа е вообичаена неделна средба меѓу претседателката на Комисијата и претседателот на Европскиот совет за да се разговара за низа актуелни теми.
Според извори од Комисијата, Фон дер Лејен изјавила дека нема да дозволи да се повтори слична ситуација. Меѓу двете институции постои несогласување околу тоа кој ја претставува Европската Унија во странство според протоколот. Во Европскиот совет тие тврдат дека Мишел, како претседател, има предност во протоколот, за која не се согласуваат во Европската Комисија и велат дека и двајцата треба да имаат ист третман.
Според фотографиите од претходните самити на ЕУ и Турција, јасно е дека, на пример, тогашните претседатели на Комисијата и Европскиот совет, Јеанан-Клод Јункер и Доналд Туск беа третирани целосно подеднакво. Сепак, поранешниот претседател на Комисијата Јункер тврди дека претседателот на Европскиот Совет има предност според протоколот и дека се случуваше тој да заврши на каучот, анализираат медиумите.
Многумина му замерија на Мишел што не реагираше веднаш и не се откажаа од местото на Фон дер Лејен.
Тој последните денови во медиумите изјави дека му е жал за она што се случило, но дека не сака да реагира за да не предизвика уште поголем инцидент.
„Оттогаш, не спиев добро, тие сцени постојано ми се вртат во главата“, рече Мишел и додаде дека ќе ја поправи ситуацијата ако може да го врати времето.
Заради овој инцидент, содржината и целта на посетата на Анкара целосно паднаа во втор план, пишуваат медиумите.