Германската влада денеска одлучи да обезбеди повеќе средства на општините во борбата против емисијата на штетни гасови.
Германската канцеларка Ангела Меркел, по состанокот со претставници на германските градови, изјави дека нејзината влада ќе го зголеми капацитетот на програмата за „чист воздух“ на 1,5 милијарди евра од досегашната една милијарда евра, пренесува агенцијата АП.
Германија има проблем со загадувањето на воздухот во повеќе градови, а како една од мерките е и забраната на сообраќање на дизел возила во некои германски градови.