Десетгодишно момче и неговата мајка се спасени по 52 часа поминати под урнатините, по колапсот на хотелот наменет за карантин за коронавирус во југоисточна Кина.
Локацијата на момчето и жената е откриена доцна синоќа и тие беа ослободени околу полноќ, по три часа макотрпно копање.
Хотелот во градот Куангжу беше карантински локалитет за луѓето изложени на новиот коронавирус.
Бројот на загинати по колапсот вчера се искачи на 18, додека 12 лица се сметаат за исчезнати. Вкупно 71 лице беше во хотелот што се урнал за неколку секунди.
Сè уште се истражува причината за несреќата иако надлежните служби се сомневаат во пропусти во изградбата на пониските катови од хотелот.