Француската крајнодесничарска политичарка, првиот човек на партијата „Национален собир“, Марин Ле Пен, до летоска ќе го напушти челното место во партијата, бидејќи ќе се кандидира на претседателските избори во 2022 година и сака да биде кандидат на сите Французи.
– Поради можноста за победа на изборите, која никогаш не била важна како денес, морам да бидам кандидат на сите што сакаат да ја водат националната борба – рече таа, прашана дали може да потврди дека ќе се повлече од раководството на партијата.
Конгресот на партијата ќе се одржи на почетокот на јули. Тогаш треба да се потврди нејзината кандидатура за претседател.