Пратеничките групи на Социјалистите и демократите и „Да ја обновиме Европа“, кои во Европскиот парламент имаат 261 од 751 пратеничко место, ја ускратија поддршката за кандидатот на Европската народна партија, Манфред Вебер за претседател на Европската комисија, објави порталот Еуроактив.ком.
Новите претседатели на овие групи, Ират Гарсија и Дачијан Чолос му ја соопштија веста на Вебер, а без поддршка на социјалистите и либералите Европската народна партија нема да биде во состојба да собере мнозинство кое ќе го потврди изборот на Вебер.
Групата „Да ја обновиме Европа“ ја чинат пратениците на Сојузот на либерали и демократи за Европа и Републики во движење на францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно изрази противење на кандидатурата на Вебер за претседател на ЕК.
Претседателот на ЕК со квалификувано мнозинство на гласови го предлага Европскиот совет, кој го чинат шефови на држави и влади, а го потврдува мнозинството во Европскиот парламент.
На агендата на денешниот состанок на Европскиот совет во Брисел се наоѓа и расправата за нови лидери на ЕУ, кои, покрај претседателот на ЕК, ги вклучува и претседателот на Евроспкиот совет, високиот претставник на ЕУ и претседателот на Европската централна банка.