Францускиот претседател, Емануел Макрон, го повтори ставот дека НАТО е во состојба на мозочна смрт на разочарување на членките на алијансата пред самитот во Лондон.
– Сè уште мислам така – рече Макрон на заедничката прес-конференција со американскиот претседател, Доналд Трамп.
Неколку часа претходно Доналд Трамп рече дека ставот на Макрон е многу навредлив за алијансата, која утре одбележува 70 години постоење.
Макрон во ноември изјави дека НАТО е во состојба на мозчна смрт објаснувајќи го тоа со намалениот американски ангмажман и однесувањето на Турција.
Францускиот претседател изјави денеска дека Турција понекогаш соработува со посредниците на Исламската држава на Ирак и Левант (Исламската држава) додавајќи дека на Турција сè уште ѝ се забележува затоа што се бори против курдските борци во северна Сирија бидејќи, како што рече, овие борци помагаат во борбата против џихадистите.
– Турција се бори против оние што се бореа заедно со нас. И понекогаш соработува со посредниците на ИД – рече Макрон.