Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија ги пречекаа денеска во Белата куќа францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, јави Си-Ен-Ен.
Тоа е прва државна посета која Трамп ја приредува во Белата куќа. Покрај претседателската двојка, Макрон и сопругата беа пречекани и од потпретседателот на САД Мајк Пенс и шефот на кабинетот на Трамп Џон Кели.
Во свечениот дочек на Макрон учествуваа 500 припадници на војската.
Вечерва Трамп организира вечера за Макрон и сопругата во Белата куќа, што е прва свечена вечера за некој државник откога е на власт, а за менито се погрижила Меланија лично.