Францускиот претседател Емануел Макрон ја предводеше денешната церемонија во Париз по повод 73-тата годишнина од победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна.
Макрон парадираше низ Елисејските полиња во придружба на припадници од Републиканската гарда.
Францускиот претседател имаше и средба со воени ветерани и положи венец на споменикот на генерал Шарл де Гол и на Гробот на незнајниот јунак кај Триумфалната порта.
На прославата по повод победата над фашизмот во градот Лион, присуствуваа и британскиот принц Чарлс и неговата сопруга, војвотката Камила од Корнвол, кои положија цвеќе на споменикот на припадниците на француското движење на отпорот.
Тие се сретнаа со вени ветерани и деца од градот.