Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека неговата земја планира да купи оружје во вредност од повеќе од милијарда долари од Москва.
Лукашенко денеска присуствуваше на големата белоруско-руска воена вежба „Запад-2021“, која ќе трае до четврток на границата меѓу двете земји.
– Ова е една од најважните вежби за вооружените сили и тие се случуваат во време на хибридна агресија на Западот против Белорусија и Русија – нагласи Лукашенко, пренесуваат локалните медиуми.
Според него, Белорусија планира да купи оружје од Русија во вредност од повеќе од милијарда долари, а во тек се преговори за испорака на противракетниот систем „С-400“.