Лидерот на либанската екстремистичка организација Хезболах, Хасан Насралах претходно се заканувал дека ќе го уништи Израел со голема експлозија слична на нуклеарна во пристаништето Хаифа.
Проирански шиитски Хезболах исто така наводно сакал да се снабди со амониум-нитрат преку Сирија во 2009 година и да се вметне во Министерството за земјоделство на Либан за да го постигне тоа, наведуваат израелските медиуми повикувајќи се на содржината на протечените дипломатски телеграми.
Архивски снимки од таквите закани се појавија на социјалните мрежи по вчерашната голема експлозија во пристаништето во Бејрут, во која беа убиени над 100 луѓе, а повредени повеќе од 4.000, додека стотици се исчезнати.
Во февруари 2016 година Насралах изјави дека Хаифа располага со 15.000 тони амонијак и дека во случај на експлозија ќе загинат десетици илјади луѓе.
Во 2017 година тој повторно ги спомена резервите на амонијак во Хаифа, оценувајќи дека Израел донел одлука резервоарите да се испразнат поради неговите закани.