Либан и Израел ја продолжија втората рунда преговори со посредство на САД за спорните погранични води на истокот на Средоземното Море.
Како што пренесуваат американски медиуми, либанската делегација побарала на Либан да му се доделат дополнителни 1.430 квадратни километри.
Либан се надева дека откривањето на резерви на фосилни горива во либанските територијални води би било важно за надминување на досега невидената економска и финансиска криза и за подобрување на динамиката на отплата на јавниот долг, што изнесува дури 170 проценти од БДП.
Двете страни се согласија да го продолжат дијалогот и утре.