Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак оцени дека косовскиот проблем не е толку тежок и може да се реши полесно отколку што беше случајот со промената на името на Северна Македонија. Министерот рече дека решението за косовското прашање е во дијалогот помеѓу Белград и Приштина што го закочија таксите кои ги воведе Косово.
– Единствен пат за решавање на проблемот е продолжувањето на дијалогот, а меѓународната заедница треба да направи сѐ за да дојде до тоа – објасни Лајчак во интервју за „ОРФ“.
Меѓународната заедница, смета Лајчак, мора јасно да каже оти верува во дијалог и не поддржува еднострани акции на било која страна што ги нарушуваат односите.
Во моментов постои мала доверба помеѓу партнерите во дијалогот, но тој нема алтернатива. Дијалогот ги решава конкретните проблеми, помага да се воспостави добербата и е во насока на европската интеграција, објасни Лајчак, пренесе „Н1“.