На евакуираните лица од зградата каде се наоѓаат неколку амбасади во Мадрид дозволено им е да се вратат во просториите откако е утврдено дека била лажна заканата за поставена бомба.
Евакуацијата била наредена откако Австралиската амбасада телефонски била известена дека во зградата е поставена бомба.
Во висококатницата во Мадрид лоцирани се Амбасадата на Австралија, на Велика Британија, на Канада и на Холандија.