Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур ги прокоментира заклучоците на комитетот на САД за разузнавачките активности околу „мешањето“ на Русија, нарекувајќи ги „смешни“.
– Едноставно ми е смешно кога слушам дека со смешни слики се прават обиди за поткопување на американската демократија. Тоа, според мене, е појава на некоја преголема параноја, некарактеристична за американските законодавци, предимензионирање на вакви сензации без причина, на празно место. Ние не ги измисливме социјалните мрежи и не инсистиравме тие да бидат отворени за секого, истакна Лавров во врска со заклучоците на американскиот комитет при Сенатот за разузнавање дека во Русија социјалните мрежи се користат по принципот „помалку вести, повеќе мемо-пораки (смешни слики)“.
Русија е обвинета дека се обидува да манипулира со мислењето на Американците преку смешни фотографии на интернет.