Меѓународната бродска компанија „МСЦ“ јави дека нивниот брод „Опера“ кој денеска удри во мал туристички брод, се здобил со механички проблеми кога се обидел да се засидри на патничкиот терминал во Венеција.
Италијанските медиуми пренесоа дека најмалку пет лица се повредени во сударот.
Две лица биле префрлени во болница, а на Твитер пожарникарката служба јави дека ситуацијата сега е под контрола.
Компанијата вели дека во моментов соработува со властите за да востанови што се случило.
Видео снимките од несреќата покажуваат дека крузерот не може да сопре и удира во туристичкиот брод, додека луѓето панично бегаат.