Лидерите на Европска Унија го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ).
Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година.
Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и Европска централна банка, која ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на еврозоната, кои го користат еврото како валута. Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има осумгодишен мандат.
Лагард поднесе оставка на функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) две недели откако беше предложена за нова директорка на Европската централна банка.