Во Мексико на 6 јуни ќе се одржат парламентарни, регионални и локални избори, но наместо митинзите, нешто друго ја обележаа предизборната кампања. Досега во земјата се убиени 88 политичари.

– Денес е посебен ден – рече возбудено Алма Бараган пред камерите. Со ова видео како кандидатка за градоначалник на Моролеон, град во центарот на Мексико, таа ги повика своите приврзаници на предизборен митинг. Тоа беше нејзиното последно видео во животот.

Нешто подоцна оваа шеесет и едногодишна политичарка лежеше на сцената – беше застрелана со неколку куршуми.

Бераган е 88. кандидат убиен во предизборната кампања.