Кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа, им го врати државјанството на 551 лице, кое им беше одземено од страна на судовите, објави во неделата државната новинска агенција БНА.
Од антивладините протести во 2011 година досега, Бахреин осуди стотици лица, ги забрани главните опозициски групи и им го одзеде државјанството на стотици граѓани.
Повеќето од водечките опозициски личности и активисти за права се затворени или избегале во странство. Институтот за правата и демократијата во Бахреин (БНА), соопшти дека од 2012 година Бахреин им го одзел државјанството на вкупно 990 луѓе.
Изјавата на БНА не прецизираше на кои лица им било вратено државјанството или во кои судења биле вклучени истите.