„Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ), истражувачката и аналитичка дивизија од групацијата на „Економист“, го објави својот индекс на безбедни градови за 2021 година, со тоа што рангира 60 големи градови во светот преку 76 показатели, базирани на дигитална, здравствена, инфраструктурна, еколошка и лична безбедност.
Копенхаген ја предводи листата за оваа година со 82,4 бода од вкупно 100. Според извештајот, секој од водечките градови се разликува по една слабост, така Копенхаген е на 26-то место по здравствена безбедност, но е прв по лична безбедност.
Градовите во регионот Азија-Пацифик доминираат меѓу првите 10 места од листата, и тоа со Сингапур, Токио, Сиднеј, Хонгконг и Мелбурн, додека американските градови генерално заостануваат, но особено добро се истакнуваат во една клучна област, а тоа е дигиталната безбедност. Лос Анџелес и Сан Франциско се меѓу првите пет во таа категорија.