Бразилската конгресменка Флорделис де Суза е обвинета дека го нарачала убиство на нејзиниот сопруг пасторот Андерсон до Карма. Тој бил застрелан повеќе од 30 пати во нивниот дом во јуни минатата година.
Полицијата во Рио де Жанеиро соопшти дека обвинението е поднесено против вкупно 11 лица поврзани со убиството на Андерсон, пренесува „Ројтерс“. Како дел од истрагата, полицијата издала девет налози за апсење и 14 налози за претрес во неколку градови во Бразил, вклучително и налог за претрес за домот на обвинетата конгресменка.
Полицијата соопшти дека мотивот на Де Сузан за убиството е „борба за моќ и нејзина финансиска еманципација“.
Де Суза била избрана за федерален пратеник, поради што ужива парламентарен имунитет. Полицијата соопшти дека копија од записникот од истрагата, заедно со докази за точките од обвинението, биле испратени до Долниот дом на Конгресот и дека обвинетата би можела да биде отповикана од функцијата, со што ќе се овозможи да биде споведена кривичната постапка.
Полицијата објави дека До Кармо е убиен во неговиот дом, додека Де Суза сведочела дека нејзиниот сопруг бил убиен за време на грабеж.