Комуникациската платформа на Доналд Трамп е трајно затворена, изјави неговиот портпарол за „Си-ен-би-си“.
Платформата наречена „Од бирото на Доналд Џуниор Трамп“ беше лансирана минатиот месец и беше начин поранешниот претседател да објавува сопствена содржина, вклучувајќи соопштенија за печат и видеа, пренесе „Би-би-си“.
Инаку, на Трамп му е забранет пристапот до Фејсбук и Твитер по немирите во Капитол.
„Од бирото на Доналд Џуниор Трамп“ имаше дел на официјалната веб-страница на поранешниот претседател, но сега е отстранет. Портпаролот преку Твитер потврди дека ова е најава за враќање на Трамп на социјалните мрежи, иако не е јасно кога и како тоа ќе се случи.
Веб-страницата, која функционираше како еден вид блог, имаше можност да ги објавува објавите на Трамп и им даде на посетителите можност да ја лајкуваат објавата и да ја споделат на Фејсбук и Твитер. За сопствената платформа на Трамп се зборуваше од почетокот на оваа година, но не е јасно како би можело да изгледа.
Некои сметаа дека се работи за платформа на која алудираше поранешниот претседател, но неговиот портпарол во мај рече дека не е тоа.
– Дополнителни информации на тој фронт ќе имаме во многу блиска иднина – пренесе „Би-би-си“.