Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени, откако човек со психолошки проблеми влета со комби во маса луѓе во германски Минстер, пред да се самоубие, пренесуваат светските медиуми.
– Возачот се застрелал самиот – изјави портпаролка на полицијата, откаде што не сметаат дека станува збор за терористички напад.
Медиумите објавија дека напаѓачот бил 48-годишен германски државјанин со психолошки проблеми.
Полицијата испрати и антибомбашка единица за да провери дали има експлозив во комбито.