Светот вчера го одбележа меѓународниот ден за безбедност на интернетот. Податоците покажуваат дека во 2019 година, речиси една третина од жителите на ЕУ, на возраст од 16 до 74 година, пријавиле инциденти поврзани со безбедноста при користењето интернет за приватни цели. Во текот на ланската година, 25 отсто од жителите на Унијата пријавиле дека добиле порака со измами, познати како „фишинг“.
Пренасочувањето кон лажни интернет-страници, на кои се бараат од корисниците да ги дадат своите лични информации, е втор најчест пријавен инцидент (12 отсто од пријавите).
Најголем број пријавени безбедносни инциденти при користењето интернет има во Данска, Франција, Шведска, Малта, Холандија, Финска и во Германија. Спротивно на тоа, најмал број инциденти се пријавени во Литванија, Полска, Летонија, Бугарија и Грција.