Кинескиот претседател Си Џинпинг има намера да го посети Пјонгјанг, објави денеска телевизијата Си-eн-eн, повикувајќи се на официјален претставник кој побарал анонимност.
Тоа би била прва посета на кинескиот лидер во Северна Кореја откако е на функција во Пекинг во 2012 година.
Си-eн-eн не прецизира од која држава е изворот. Посетата според тој извор, ќе се оствари многу брзо, веројатно по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, предвидена за мај или почетокот на јуни.
Околу први април директорот на ЦИА Мајк Помпео имал средба во Пјонгјанг со Ким Џонг-Ун како дел од подготовка за средбата на врвот, објави денеска „Вашингтон пост“.