Предлогот на Кина за воведување на нови национални безбедносни закони во Хонгконг ќе означат забрана на сепаратизмот или чиновите на надворешното мешање против централната власт, овозможувајќи ѝ да воспостави „безбедносни органи“ на територијата, според предлог-верзијата, тврди „Гардијан“.
Обидите на Комунистичката партија да воспостави закон за национална безбедност беа протолкувани како потег за преземање на потполна контрола врз територијата опфатена од протести во измината година. Критичарите на законот тврдат дека тој ќе го избрише концептот „една држава, два система“ што му овозможува на Хонгконг висок степен на автономија.
Вестите за планот на Кина предизвикаа меѓународна осуда зголемувајќи ја загриженоста за понатамошни немири. Противнците на законот сметаат дека би можел да цели кон критичарите на централната власт, а сообено демонстрантите, како и да им овозможи на кинеските безбедносни служби да оперираат во Хонгконг.
Владата на Хонгконг не успеа да усвои закон за национална безбедност поради загриженоста во јавноста дека тие ќе ги урнат граѓанските слободи. Последниот обид пропадна откако половина милион луѓе излегоа на протест во 2003 година.
Ванг Чен потпретседателот на комитетот на Националното народно собрание на Кина, кажа на отворањето на годишната сесија на собранието во Пекинг во петокот, дека предлог-одлуката на законот била предадена на законодавната власт, според државните медиуми.
Лидерката на Хонгконг Кери Лам даде поддршка за донесувањето на законот кој се очекува да биде усвоен во кинеското собрание наредната недела.
– Тие ефективно го пишуваат законот за Хонгконг, кажувајќи ѝ на Кери Лам да го усвои. Тој го одминува законодавниот совет. Ја одминува расправата. Ја одминува опозицијата – кажа Вилсон Леунг, правник од Хонгконг.
Последните протести против владата на Хонгконг поддржана од Пекинг почнаа пред речиси една година поради законот што би овозможил екстрадиција во Кина.