Казна затвор од четири години поради подмитување на претставници на Обединетите нации(ОН) му е изречена денеска на кинескиот милијардер Инг Лап Синг.
Казната му ја изрече Федералниот суд во Њујорк, но тој нема веднаш да ја почне со нејзино отслужување. Инг во моментов е во станот во Менхетен, под 24-часовен надзор. Нему му е одредена кауција од 50 милиони долари.
Инг, в о јули оваа година, беше прогласен за виновен, бидејќи на двајца амбасадори на ОН им платил мито од 1,7 милиони долари за да го поддржат неговиот план за изградба на конгресен центар на ОН во Макао.
Адвокатите на Инг тврдеа дека давал пари само кога тоа било побарано од него, со цел да се забрза тој проект.
Поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Џонсон Ес, кој беше дипломат на карипската држава Антигва и Барбуда, се изјасни за невин, а во меѓувреме почина.
Поранешниот амбасадор на Доминиканската Република, Френсис Лоренсо, се изјасни за виновен и се согласи да сведочи против Инг.
Конгресниот центар во Макао никогаш не беше изграден.