Кина за првпат успешно ја лансираше својата најнова ракета-носач „Долг марш 5Б” од сателитскиот лансирен центар Венчанг, во јужниот дел од земјата.
– На 5 мај во 18 часот по локално време од космодромот Венчанг во Кина е лансирана ракетата-носач „Долг марш 5Б” со пробна верзија на вселенско летало и прототип на капсула за враќање на товарот – се наведува во извештајот на Кинеската канцеларија за вселенско инженерство,
Понатаму се наведува дека околу 488 секунди подоцна, прототипот на вселенското летало заедно со пробната верзија на повратната капсула успешно се одвоил и ракетата стигнала до предвидената орбита, а мисијата е успешно завршена.