Кина е подготвена да соработува со Германија и со Европската Унија за зајакнување на соработката, зачувување на мултилатерализмот и исполнување на глобалниот предизвик, рече кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.
Кинескиот претседател, исто така, истакна дека е подготвен да ги зајакне односите со Германија и Европската Унија со цел да внесе безбедност во сегашниот свет на несигурност.
Си истакнал дека Кина ќе остане отворена за странски инвестиции и дека ќе создаде поволна атмосфера за германските претприемачи, пренесува „Синхуа“.
Како дел од овие намери, делегација германски претприемачи ја посетија Кина и покрај ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус, а новата економска посета започна во Шангај.
Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт изјави по телефонскиот разговор помеѓу Ангела Меркел и Кси Џинпинг дека е договорено откажување на планираниот самит ЕУ-Кина, што требаше да се одржи во септември во Лајпциг.
– Со оглед на општата состојба во врска со пандемијата, самитот не е можен во планираното време, но тој ќе се одржи подоцна – рече Зајберт.
Како што понатаму е соопштено, Ангела Меркел изјави дека Германија е подготвена да ги зајакне врските со Кина, додавајќи дека меѓународната солидарност и мултилатерализам се клучни во глобалната борба против пандемијата на коронавирус.