Новинарот од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, бил жртва на „намерна, претходно испланирана егзекуција“, се наведува во првата независна истрага спроведена од Обеднинетите нации (ОН) околку неговата смрт, јавува Си-ен-ен.
Во долгоочекуваниот извештај, вонсудската истражувачка за егзекуции Агнес Каламард рече дека според меѓународното право, Саудиска Арабија е одговорна убиството на новинарот Кашоги.
Познатиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“, Кашоги беше убиен додека влегуваше во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Ријад иницијално негираше дека има какви било сознанија за инцидентот, саудиските власти потоа тврдеа дека група на одметнати агенти, од кој дел работат за блискиот круг на принцот Мохамед бин Салман, биле одговорни за смртта на новинарот. Саудискиот јавен обвинител подоцна призна дека убиството на Кашоги било претходно испланирано.
Специјалната истражувачка не наведе други залкучоци за вината на саудискиот принц и крал. Наместо тоа, Каламард рече дека има конкретни докази за кои се потребни дополнителни истраги од соодветните власти. Таа додаде дека Кашоги бил целосно запознаен со големата моќ на принцот и изразувал стравување за тоа што ќе му се случи доколку се врати во Саудиска Арабија.