Каталонскиот парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната влада на Каталонија, бидејќи кандидатот Жоаким „Ким“ Тора не го оствари неоходното апсолутно мнозинство од 68 гласови во првиот круг од гласањето.
Седницата за избор на нов претседател на регионалната Влада на Каталонија беше одржана вчера.
Утрешното гласање е последната можност на каталонскиот Парламент да избере претседател и да формира Влада, доколку не избере, ќе бидат распишани нови избори.
За утре ќе биде потребно просто мнозиство за да се избере нов претседател на регионалната Влада на Каталонија.