Канје Вест официјално ја почна својата претседателска кампања со митинг во Чарлстон, Јужна Каролина. На првиот предизборен митинг Канје се појавил во панцир и долго дебатирал за абортус, пренесува Би-би-си.
Нарекувајќи ја својата кампања „Роденденска забава“, Вест без микрофон се обратил пред неколку стотици луѓе и се расплакал кога почнал да раскажува како татко му сакал да се откаже од него.
– Немаше да го има Канје Вест затоа што татко ми бил презафатен. Мајка ми ме спаси, зашто татко ми сакал аборус. Речиси ја убив ќерка ми. Можеби Ким ќе побара развод од мене после овој говор, но таа ја донесе Норт на овој свет иако јас не сакав – со солзи зборувал Вест.
Тој кажал и дека мајките би требало да добиваат еден милион долари кога ќе се породат и дека абортусот би требало да остане легален.
Обожавателите на Вест и натаму не се сигурни дали влегувањето во претседателската трка во последен момент е само промотивен чин. Тој ја објави кандидатурата на 4 јули со што го пропушти крајниот рок да се појави на гласачкото ливче во неколку сојузни држави.