Италија, поранешниот колонизатор на Либија, ја предупреди Франција, која има добри односи со генералот Калифа Хафтар, да не поддржува ниту една фракција во Либија.
Реакцијата на Италија уследи откако дипломатите изјавија дека Париз ја саботира Европска унија, која побара од Хафтар да ја стопира офанзивата врз Триполи.
-Тоа би било многу сериозно ако Франција поради економски и трговски причини ја блокира мировната иницијатива на ЕУ за Либија и поддржува една од страните, Како министер за внатрешни работи нема да стојам на страна и да гледам – изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини.
Франција, која поседува нафтени полиња во Либија, му пружи воена помош на Хафтар, а исто така беше и клучен актер во соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година.
Италија, како и Обединети нации, ја поддржува Владата на Сараџ.
Според податоци на ОН во борбите за Триполи загинаа најмалку 56 луѓе, а околу 8.000 ги напуштија своите домови.
Во Либија од минатата недела обновени се судирите помеѓу ЛНА предводена од Хафтар, кој од источниот дел тргна во освојување на западниот дел од земјата и на Триполи, што се под контрола на меѓународно признаената Влада, предводена од Сараџ. Во борбите за Триполи загинаа најмалку 56 луѓе, а околу 8.000 ги напуштија своите домови
По соборувањето на долгогодишниот лидер Гадафи во 2011 Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.