Италијанската Влада соопшти дека ќе и помогне на Асиа Биби и нејзиното семејство да го напуштат Пакистан, бидејќи нивните животи повторно се во опасност.
Биби била лажно обвинета од муслиманка со која заедно работеле, берејќи овошје, обвинувањата произлегле од нивна караница откако Биби пиела вода од чаша што ја донела за нив, што не смеела да го стори според жената што ги изнела лажните тврдења.
Врховниот суд на Пакистан ја ослободи Асиа минатиот месец, но неговата одлука разгоре масовни протести кај муслиманската популација, која повторно повикува на смртна казна за Асиа.
Христијанката Биби помина осум години во затвор чекајќи смртна казна, откако беше осудена за богохулие поради наводна навреда на пророкот Мухамед.
Нејзиниот сопруг изјави дека стравуваат за своите животи. Властите на Пакистан издадоа забрана Асиа да ја напушта државата.
– Преплашени сме бидејќи нашите животи се во опасност. Немаме ни доволно храна, поради тоа што не смееме да го напуштаме нашиот дом – рече сопругот на Асиа.
Во радио интервју, беше побарано од Салвини да излезе во пресрет на барањата за помош на пакистанското семејство.
– Сакам сите жени и деца чии животи се во опасност да имаат безбедна иднина, во нашата или било која од западните земји, така што ќе сторам се што е човечки можно да го направам тоа. Не е прифатливо, во 2018 година, некој да стравува за својот живот поради наводно богохулење – изјави Заменик премиерот Матео Салвини.