Идниот американски претседател Џо Бајден ќе го назначи поранешниот дипломат од кариера, Вилијам Брнс, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Брнс (64) работел како амбасадор во Русија и Јордан и има успешна 33-годишна кариера во Стејт департментот.
Кулминација на неговата дипломатска кариера беше позицијата заменик-државен секретар на САД, а во 2014 година тој се пензионира и го презеде управувањето со карнегиската фондација за меѓународен мир. По превирањата во Стејт департментот по доаѓањето на Трамп во Белата куќа, Брнс се повлече некое време.
„Брнс е дипломат за пример со децениско искуство во светската политика, кој ја чуваше и ја сочува нашата земја. Тој и јас го делиме ставот дека разузнавачките активности мора да бидат аполитички и дека посветените разузнавачки службеници во служба на нашата нација заслужуваат благодарност и почит. Американскиот народ ќе спие мирно со Брнс на чело на ЦИА“, рече Бајден.
Вилијам Брнс е награден со три претседателски награди за посебни заслуги и највисоки цивилни одликувања на Пентагон и разузнавачката заедница.