Два ирански воени брода пловат по Атлантскиот Океан со што се претпоставува дека се на пат кон Венецуела. Бродовите „Саханд“ и „Макран“ минатиот месец испловија од пристаништето Бандар Абас, како што соопштија иранските власти, без да ја откријат нивната целна дестинација.
„Политико“ неодамна цитираше анонимни извори кои сугерираа дека Венецуела е дестинација на бродовите. Мисијата се случува во пресрет на иранските претседателски избори кои се закажани на 18 јуни. Иран одржува блиски врски со венецуелскиот претседател Николас Мадуро и досега испраќаше гориво на јужноамериканската држава наспроти американските санкции чија цел е Каракас.
Било каква акција на САД против иранските бродови би била незаконска и би претставувала подривање на темелите на меѓународното право, како што пишува „Форин полиси“. Цената на евентуалната дирекната акци би била скапа и би ги оставила САД подложни на обвинувања за лицемерност кон меѓународниот поредок. Згора, би отворила можност за ист третман на американските бродови од страна на ривалите на САД.