САД денеска официјално ја прогласија иранската Исламска револуционерна гарда за странска терористичка организација.
Првпат американската администрација во историјата на САД прогласува орган на странска влада за терористичка организација.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе направи таков симболичен потег, кој е без преседан, што веднаш наиде на осуда од Иран и предизвика загриженост дека ќе бидат нападнати американските сили поради одмазда.
Новата одлука за прогласување на Гардата за терористичка организација ќе го олесни процесуирањето на компании или лица во Европска унија кои соработуваат со Иран.
Американскиот закон веќе ги казнува граѓаните на САД кои соработуваат со иранската Исламска револуционерна гарда дури со 20 години затвор бидејќи организацијата се наоѓа на американската специјална листа на глобални терористи, на кои се применува поинаков начин на санкционирање.
Исламската револуционерна гарда е елитно крило на иранската армија, задолжено за заштита на режимот од внатрешни и надворешни закани.
Гардата е формирана на крајот од Исламска револуција во 1979 година како елитна вооружена милиција, како противтежа на иранската конвенционална војска, за која се претпоставуваше дека е лојална на прогонетиот шах Реза Пахлави.
Иранската Исламска револуционерна гарда има околу 150.000 припадници и под нејзина контрола е и Басиџ полицијата која има околу 90.000 активни припадници и единицата за специјални операции во странство Кудс.
Револуционерната гарда не е само најмоќна воена институција во Иран, туку има големо влијание и врз домашната политика и економија, а нејзините интереси се протегаат и на градежната, телекомуникациската, автомобилската и енергетската индустрија, но постојат наводи оти нејзини припадници се вклучени и во прекуграничниот шверц.
Гардата одговара само на врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го поттикна формирањето на единицата Кудс (арапско име за Ерусалим), чија задача е дејствување во соседните земји од регионот.
Гардата ја надгледува и иранската програма за балистички ракети и нуклеарната програма на Иран.
Иранската исламска револуционерна гарда се наоѓа на црната листа и во Бахреин и во Саудиска Арабија минатата година ја ставија Исламската револуционерна гарда на своите терористички листи. Лидерите на Гардата исто така се наоѓаат на црните листи на ЕУ.
Гардата често се користи и против дисидентите во Иран, а нејзини припадници се вклучени во мачење и во масовно кршење на човековите права.
Иранската револуционерна гарда е вклучена и во пружање на помош на жртви при природни катастрофи.
За приврзаниците на иранската Влада, Гардата е заштитник и чување на револуцијата.