Официјалните власти во Иран најавија дека ќе екстрадираат 242 затвореници во Авганистан кои претходно се осудени во таа земја, потврди заменик-министерот за правда на Иран, Махмуд Абаси.
Тој нагласи дека екстрадицијата на авганистанските државјани е извршена во согласност со Договорот помеѓу Иран и Авганистан, потпишан од министрите за правда на двете земји, а според кој Иран во рок од една година на Авганистан ќе му предаде 700 затвореници.
Иранската државна телевизија објави дека станува збор за државјани на Авганистан кои се осудени за кривични дела трговија со наркотици и обид за илегално влегување на територијата на Иран.
Авганистанските затвореници остатокот на затворската казна ќе ја издржуваат во земјата.
Во Иран затворска казна издржуваат околу 5.000 Авганистанци, додека во Авганистан зад решетки се наоѓаат 22 државјани на Иран, јави Анадолија.